дома Локално СЕ ВРАТИ СТРУЈАТА ВО АЕРОДРОМ: Отстранет дефектот во дистрибутивната мрежа, повторно светло...

СЕ ВРАТИ СТРУЈАТА ВО АЕРОДРОМ: Отстранет дефектот во дистрибутивната мрежа, повторно светло во Ново Лисиче, Лисиче и Аеродром

Снабдувањето со електрична енергија во општина Аеродром вечерва е нормализирано откако екипи на ЕВН го санираа дефектот на електричната мрежа што настана како последица на невремето што во текот на денот и повторно вечерва го зафати Скопје.

Дефектот на трафостаницата настана од силните атмосферски празнења во тек на вториот бран од невремето што го зафати вечерва Скопје, за МИА соопштија од ЕВН.