Недостатокот на железо во крвта го предизвикува намалувањето на крвните зрнца, а личноста на која и недостасува овој минерал добива анемија (слабокрвност), а еве како да го препознаете овој недостаток.
Ако ги чувствувате овие симптоми, посетете доктор. За да го спречите недостатокот на железо важно е организмот преку храна да го снабдувате со овој важен минерал, па затоа се препорачува да јадете црвено месо, зеленчук, суво овошје (суво грозје и кајсии), морски плодови, семки и јаткасти плодови, житарици и овошје богато со витамин Ц. Докажано е дека витаминот Ц ја подобрува апсорпцијата на железо, па многумина го препорачуваат да се зема дополнително како додаток во исхраната. Исто така, доколку се утврди дека е неопходно, лекарот ќе ви препише дополнително внесување на железо преку суплементи за да се спречи анемијата.