Синот на Снежана Ѓуришиќ, Марко Гвозденовиќ (38), уапсен е вчера во Белград. Тој е уапсен за повеќе кривични дела.
Како што дознава српски Ало, Марко е уапсен поради кражба и загрозување на безбедноста на неговата мајка. Се сомнева дека вршел кражби по куќите и становите од околината, а по расправијата со неговата мајка и загрозувањето на нејзината сигурност полицијата го привела.
За потсетување, како што медиумите во минатото пишуваа Снежана поради многубројни проблеми се одрекла од синот. Марко минатиот месец избегал од болница за одвикнување од алкохол.