дома Европа И Меркел пpизнa: Cитyaциjaтa co кopoнaвиpycoт излeзe oд кoнтpoлa

И Меркел пpизнa: Cитyaциjaтa co кopoнaвиpycoт излeзe oд кoнтpoлa

На видео конференција со шефовите на фракциите ЦДУ / ЦСУ во Бундестагот и во покраинските собранија, Меркел отворено зборуваше за неуспехот на владата. „Ја изгубивме контролата над работата“, ја цитираше Билд канцеларката.

Таа посочи дека бројот на нови пациенти мора драстично да се намали и додаде дека властите и здравствените служби сериозно не успеале да ги следат контактите на пациентите.

Меркел истакна дека во оваа ситуација, кога расте бројот на новозаболени и мртви, важно е да се забранат сите непотребни патувања.

-Сто пати прашав зошто не можеме да забраниме патувања, рече таа, додавајќи дека постојано го добивала одговорот дека Германија е слободна земја, дека е можно да се ограничи радиусот на движење, но дека е тешко да се забрани патување кон светот.

Што се однесува до „отклучувањето“, Меркел рече дека во моментов земјата не е во ситуација да зборува за тоа.