дома Македонија Bлaдaтa дeнecкa ќe ja oдpжи peдoвнaтa 41-вa ceдницa

Bлaдaтa дeнecкa ќe ja oдpжи peдoвнaтa 41-вa ceдницa

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи редовната 41-ва седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На седницата ќе биде разгледана Програмата за работа за 2021 година на Агенција за енергетика на Република Македонија, со предлог-одлуки, како и Предлог-програмата за промоција и поддршка на туризмот за 2021 година и Програмата за работа на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за 2021 година.

На предлог на Министерството за финансии на денешната седница на дневен ред на оваа седница ќе биде разгледана Информацијата за Програмата на економски реформи 2021-2023 година.

Министрите во Владата на оваа седница ќе се произнесат и за Годишниот финансиски план на Агенцијата за планирање на просторот во 2021 година.

Седницата на Владата е предвидено да се одржи преку интернет видео конференциска врска со почеток во 12:00 часот, а за одлуките од седницата јавноста ќе биде известена преку соопштение.