дома Политика Шекеринска дa нe ce кpиe зaд пapтиcки cooпштeниja нaпaѓajќи личнocти нa кoи...

Шекеринска дa нe ce кpиe зaд пapтиcки cooпштeниja нaпaѓajќи личнocти нa кoи им ja дoлжи cлoбoдaтa, кaкo Ковачки

СДСМ повторно напаѓа личности, без да го прашаат нивниот министер за одбрана: Кој и каде погрешил во процедурата за избор на кандидатот за највисок воен претставник? Зарем јавната бламажа на Македонија не ја тангира расипничката но за жал владејачка партија во државата?

СДСМ повторно напаѓа без аргументи и повторно оцрнува имиња на наши членови. Каде ви се демократските вредности, нели се повикувате на почитување на Устав и закони?

Со таквите соопштенија уште еднаш докажувате дека сте нереформирана партија и збирштина на стари и нови кадри со идентична комунистичка матрица.

Радмила Шекеринска да престане да се крие позади партиски соопштенија и да напаѓа личности на кои им ја должи слободата.

Радмила Шекеринска, поздравете ја улогата на нашите граѓани кои служат во униформа и учете демократија од нив. Додека вие со вашите сопартијци шетавте на Халкидики, тие граѓани ја бранеа Македонија.

Вие сте тажното минато на Македонија и многу брзо тоа ќе ви го каже македонскиот народ.

Нема да успеете да ја загушите слободата на говорот и слободата на мислата. Одговорност и оставка веднаш!