дома Македонија И официјално: Стојкоски нов градоначалник на Ѓорче Петров

И официјално: Стојкоски нов градоначалник на Ѓорче Петров

Александар Стојковски од ВМРО-ДПМНЕ со 9 779 гласа е новиот градоначалник на општина Ѓорче Петров, соопшти претседателот на државната изборна комисија, Александар Даштевски на вечерашната прес-конференција.

Стојкоски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ има 9779 или 50,24 отсто од гласовите, со што седнува во градоначалничката фотелја уште во првиот круг.

Во првиот круг ВМРО-ДПМНЕ освои 22 градоначалник, СДСМ девет, ДУИ три и еден Демократска партија на Турците во Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ доби градоначалници во Аеродром, Босилово, Бутел, Велес, Виница, Гази Баба, Градско, Ѓорче Петров, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Могила, Неготино, Новаци, Петровец, Прилеп, Свети Николе, Сопиште и во Штип.