дома Актуелно Првични резултати: ВМРО-ДПМНЕ оcвои 22 градоначалници, СДСМ девет, ДУИ три

Првични резултати: ВМРО-ДПМНЕ оcвои 22 градоначалници, СДСМ девет, ДУИ три

Државната изборна комисија сѐ уште ги пребројува гласови, a официјалните резултати се очекува да бидат соопштени доцна вечерва.

Во 35 општини се избрани градоначалници во првиот круг, покажуваат првичните резултати на Државната изборна комисија објавени на нејзината веб-страница.

Во првиот круг ВМРО-ДПМНЕ освои 22 градоначалник, СДСМ девет, ДУИ три и еден Демократска партија на Турците во Македонија.

Втор круг ќе има во 46 општини и во Градот Скопје.

Во две општини, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, поради неисполнување на законскиот услов на 1/3 од запишаните гласачи да излезат на гласање, ќе се повтори целата изборна постапка член 132 став 2 од Изборниот Законик