дома Македонија Како во пракса се изведува дeфокус на јавноста, по дефиниција од книга

Како во пракса се изведува дeфокус на јавноста, по дефиниција од книга

На власта очајно ѝ е потребен дефокус од суштинските работи кои потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски им ги соопшти на граѓаните пред пет дена во интервјуто за емисијата „Стадион“ на радиото Канал 77, анализира „Макпрес“.

А како тоа изгледа во пропагандната машинерија на власта…

Николоски открива скандал и сомнежи за криминал во неговото гостување во Канал 77 а поврзани директно со премиерот Зоран Заев и рудникот Иловица, неколку денови претходно јавно поставува прашања, одговори не добива. И како што викаат книгите каде се опишани ПР стратегиите а и една наша стара „нападот е најдобра одбрана“ од нигде никаде и сосема случајно „во духот на независното новинарство“ одредени портали блиски до власта ја актуелизираат неговата изјава поврзана со активностите на ВМРО-ДПМНЕ, Вишеградската група и ветото на Чешка и Словачка на ЕУ заклучоците во кои првично беше ставено барањето на Бугарија за „погрешно толкување на историјата“.

Сликовито и практично објаснети, тие портали бараат изјави од амбасадори, па објавуваат индиректно дека Николоски „ширел лажни вести“, па веста ја превзема Медиумската информативна агенција, која патем од една прес-конференција на Премиерот Зоран Заев продуцира помеѓу 6-8 поенти или кажано со разбирлив и модерен јазик „спамира“ со вести за изјавите на Заев и која речиси многу ретко, освен ако не е координирано, превзема вести од други портали, па ги дистрибуира до сите нејзини клиенти/медиуми кои се претплатени за користење на нивните услуги, па излегува прес центарот на владеачката партија и обвинува за ширење на лажни вести, па се прават прилози на оваа тема на „независните“ телевизиски куќи, па утредента се повторува истата вест, малку видеоизменета и со една – две различни реченици за да изгледа освежено, па се активираат ботови на социјални мрежи, па излегува портпарол на СДСМ и бара оставка од потпретседател на опозициска партија!? итн, итн…

А истава постапка беше ли направена за сомнежите за криминал во рудникот Иловица? Побараа ли независните новинари изјави во врска со ова? Пренесе ли медиумската информативна агенција? Излегоа ли со соопштенија и прес-конференции од владеачката партија,м? Напиша ли некој за Димитров дека лажно го обвинил Александар Николоски во април месец оваа година дека шири „лажни вести“,м?

Целата анализа на Макпрес.