дома Социјални Мрежи Тасевски до Спасовски: Ако Груевски се врати, дури и со лисици, на...

Тасевски до Спасовски: Ако Груевски се врати, дури и со лисици, на аеродром ќе го пречекаат пола милион луѓе

Груевски ќе се врати и ќе ја одлежи казната, рече денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на ТВ24, коментирајќи ја работата на МВР и критиките за бегството на поранешниот премиер.

Во јавноста ова предзвика доста реакции, а актерот Сашо Тасевски му порача дека Груевски ќе се врати кога тие ќе заминат во затвор за велепредавство.

А бе Обиџуко, Груевски ако се врати дури и во лисици, тоа ќе биде пораз за вас. На аеродром ќе го пречекаат пола милион луѓе.
Не експериментирајте и така никој не ве сака. Оставете го да си ужива во Будимпешта. И онака ќе се врати, штом вие ќе заминете во затвор за велепредавство, коментира Тасевски.