дома Локално КАРПОШ СЕ ДАВИ ВО ЃУБРЕ: Од најубава општина во Македонија, Карпош се...

КАРПОШ СЕ ДАВИ ВО ЃУБРЕ: Од најубава општина во Македонија, Карпош се претвара во депонија

Веќе неколку недели по ред до нашата редакција стигнуваат низа реакции од карпошани за проблемот со неиспразнетите контејнери ширум општината. Според нашите информации граѓаните во повеќе наврати реагирале и до новопечениот градоначалник на Карпош, Стефан Богоевски, но најверојатно поради презафатеноста со организирањето на својата свадба тој целосно заборавил на своите професионални обврски.

И покрај презафатеноста со организирањето на неговата свадба тој сепак пронаоѓа доволно време за да се појави на телевизија и не пропушта ниту една ТВ дебата ниту пак интервју или изјава за медиумите. Сепак проблемот на карпошани е реален општината се дави во ѓубре, а службите не реагираат. Контејнерите се преполни, а ѓубрето кое не го собира во контејнерите се наоѓа по улиците и тротоарите. Да се потсетиме дека во урбаната општина во 21 век во едно од локалните училишта се појави шуга од која две деца беа заразени. За појавата на ваквите болести најважна е хигиената како лична така и чистотата на животната средина. Дали во општината треба да се појави ебола за Богац конечно да реагира?