дома Социјални Мрежи ПО ШЕСТ МЕСЕЦИ ШИЛЕГОВ: Руинирано централното градско подрачје!

ПО ШЕСТ МЕСЕЦИ ШИЛЕГОВ: Руинирано централното градско подрачје!

Градоначалникот Петре Шилегов вети ,,живот’’ за Скопје, но во изминативе 6 месеци тој дојде само за него. Единствената инвестиција на Шилегов во изминативе 6 месеци се двата луксузни автомобили со кои тој го зголеми својот возен парк. Граѓаните забележуваат дека голем дел од централното градско подрачје под ингеренции на Град Скопје е руинирано, а надлежните служби на ниту еден начин не реагираат.

На фотографии објавени на социјалните мрежи можат да се видат низа на фотографии од руинирана урбаната опрема како канделабри, жардињери, канти за ѓубри и останата опрема. Ниту хортикултурното уредување не е во подобра ситуација, дивите растенија се зафатени на местата наменети за украсни растенија и нивниот раст е надвор од контрола. На својот Фесјбук профил граѓанинот кој се пожали од новиот градоначалник вели ,, Скопје “цвета” со Шилегов на чело.