дома Македонија Котлар: 100-те дена на Владата како да траат 100 месеци, никако да...

Котлар: 100-те дена на Владата како да траат 100 месеци, никако да завpши оваа aгoнија

„Мојот впечаток е дека 100-те дена на Владата како да траат 100 месеци, никако да заврши оваа  агонија во секој случај. Ја имам во предвид политичката и економската, па и здравствената ситуација во земјата“, истакна Наташа Котлар во емисијата „Што не е јасно“.

Котлар додаде дека овие 100 дена на владата ги доживува како агонија. Нејзе ништо не и значат бидејќи не и е добро. Не е добро на сите граѓани во Република Македонија, никој во земјавата не живее добро барем овие 100 дена го допреа дното.

„Не знам кој живее добро? Тоа е сигурно една мала група на луѓе. Меѓутоа пред се нив ги поврзувам со определени економско финансиски интереси во никој случај не верувам дека се тоа луѓе од определена културна филозофија или пак политичко однесување. Мислам дека овдека најсурово ако кажам се работи за проста економска финансиска манипулација со населението, бидејќи ние сме свесни живееме во еден таков простор  и време каде што вредностите нам ни се сменети“, рече Котлар.