дома Македонија Ристеска: Нашата дипломатија се обиде да тргува со прашања кои не смеаат...

Ристеска: Нашата дипломатија се обиде да тргува со прашања кои не смеаат да бидат предмет на преговори

Марија Ристеска-Директорка на Центарот за истражување и креирање на политики, во своето гостување во емисијата 24 Анализа зборуваше за целата ситуација на Република Македонија и посочи дека дипломатијата на нашата држава за да добие преговори се обиде  да тргува со она што не се тргува исто како што тоа го направи и со Грција.

„Нашата дипломатија беше неуспешна во анализата на сите внатрешни случувања во ЕУ и базирајќи ја целата стратегија на желбата да се отпочнат преговорите па макар да се направи трговија со она што не се тргува,се обидоа на ист начин како со Грција да направи трговија со прашањата кои не смеаат предмет на преговори, нагласи Ристеска.