дома Македонија Кapaкачанов: Кој и да биде влacт во Бугарија, пpoблемoт со Maкедонија ocтанува

Кapaкачанов: Кој и да биде влacт во Бугарија, пpoблемoт со Maкедонија ocтанува

Кој и да дојде на власт по изборите, ставот на Бугарија по прашањето за европската интеграција на Македонија нема да се промени изјавил во гостување на Bulgaria ON AIR бугарскиот вицепремиер Красоми Каракачанов.

„Без оглед на политичката конфигурација во Бугарија по изборите, дали во владата ќе доминира ГЕРБ или БСП, дали ВМРО ќе учествува во владата или не, убеден сум дека нема да има бугарска партија што ќе ги предаде бугарските национални интереси. И ова е глупоста во Скопје.

Тие веруваат дека можат, со итрини, со надворешен притисок врз Бугарија, да продолжат да ја водат оваа антибугарска политика, која ја водат со децении, наместо да седат чесно, искрено, нормално, водејќи нормален дијалог, а не дијалог на притисок “, изјавил Каракачанов.

„Никако не можат да не надмудрат од една едноставна причина – тие тропаат на вратата на ЕУ, а ние треба да ја отвориме. Нема шанси да не излажат“ пренесува БГНЕС делови од интервјуто кое ќе се емитува попладнево.

Предходна статија
Крал земал заем за да плати данок на државата