дома Хроника Teшка сообpaќајка во Bизбeгово, повpeдени четвopица тинejџери

Teшка сообpaќајка во Bизбeгово, повpeдени четвopица тинejџери

Четворица тинејџери се тешко повредени во сообраќајна несреќа која вчера се случила на улица 2 во Визбегово.

Од полицијата информираат дека во сообраќајката учествувале автомобил „Ауди“ управуван од Н.Х.(26) од Скопје, мотоцикл „хонда“, со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Ј.З.(18) од Скопје и мопед „лифан“ управуван од 16-годишник од Скопје.

-Во незгодата со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, се здобиле двајцата мотоциклисти и двајца сопатници на мотоциклите, С.Е.(19) и 15-годишник од Скопје, велат од полицијата.

Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.