дома Локално МАКЕДОНИЈА ИМА СОПСТВЕНИ РАСЕЛЕНИ ЛИЦА: Наместо да се грижиме за нашите, сега...

МАКЕДОНИЈА ИМА СОПСТВЕНИ РАСЕЛЕНИ ЛИЦА: Наместо да се грижиме за нашите, сега ќе треба да се решаваат проблеми на лица од Сирија, Ирак или Авганистан

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Арсенчо Алексовски на денешната собраниска комисија за труд и социјална политика, истакна дека општината внимателно ги разледала акцискиот план за бегалци и странци и дека за тоа имаат негативно мислење.

-Македонија веќе нема да биде транзитна земја, истакна Алексовски.

Тој вели дека во Македонија има раселени лица, чии проблеми не се решени, а сега ќе треба да се решаваат проблеми на лица од Сирија, Авганистан или Ирак.

-И онака тешкото вработување во општина Крива Паланка ќе се влоши со овие мигранти, изјави Алексовски.

Посочи дека со нивното примање ќе се наруши демографската слика во Република Македонија, но и општина Крива Паланка.

-Се бара згрижување на лица кои сакаат да бидат згрижени во развиените западни земји, рече Алексовски.