Градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски на денешната собраниска комисија за труд и социјална политика истакна дека националната стратегија за бегалци и странци, бара средства за нивна реализација и оти општините треба да се вклучат во нивно реализирање
Според него националната стратегија и акцискиот план би ги исцрпило буџетите на општините.
-Јасно е дека нема да дојде до подобрување на животот на жителите во локалната заедница, туку напротив ќе стагнира, а можеби и ќе се влоши, изјави Стојановски.
Тој потенцираше дека општината Илинден не се сложува со овие документи.
-Националната стратегија и акцискиот план ќе одземат од сите планирани проекти во нашата општина, изјави Стојановски.