дома Македонија МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ЈА ПРОСЛАВИ НЕЗАВИСНОСТА НА КОСОВО: Владина и Собраниска делегација на...

МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ЈА ПРОСЛАВИ НЕЗАВИСНОСТА НА КОСОВО: Владина и Собраниска делегација на прославата на 10 годишнината од (не)зависноста на Косово

По повод одбележувањето десет години од прогласување на независноста на Косово, државна делегација на Република Македонија што ја сочинета од Талат Џафери, вицепремиерите Хазби Лика и Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче, синоќа присуствуваше на свечената седница во Собранието во Приштина, како и на свечен прием во организација на косовскиот претседател Хашим Тачи, соопшти владината прес-служба.

– Владата на Република Македонија им го честита јубилејот на нашите соседи и им посакува развој, просперитет и успех во градење на добрососедски односи, кои ќе придонесат кон интеграција во ЕУ на целиот регион, стои во соопштението од владината прес-служба