Албанскиот премиер, Еди Рама, на свечената седница на косовскиот Парламент предложи еден сенационален претседател и една национална безбедносна политика за Албанија и Косово.
Рама истакна дека за десет години двете земји ќе може да имаат еден претседател.
„Косово и Албанија ќе имаат една надворешна политика, а не само амбасади. И дипломатското претставување ќе биде исто, па зошто да не и еден претседател – симбол на нацоналното единство и една национална безбедносна политика“, порача Рама.
Тој рече дека оваа идеја сега е неостварлива, но дека може да се реализира во иднина.