дома Македонија МАКЕДОНЦИТЕ ОД БУГАРИЈА: Негиpaњето и понижyвaњeто на македонската култура ќе изpoди омpaза...

МАКЕДОНЦИТЕ ОД БУГАРИЈА: Негиpaњето и понижyвaњeто на македонската култура ќе изpoди омpaза спpeма Бугарија

Бугарската рамковна позиција за Македонија наместо да ги засили нашите врски врз основа на заедничката историја, ќе се претвори во нова линија на раздвојување и создавање непријатности. На ова во декларација предупредуваат бугарски и македонски граѓани, меѓу кои историчари, политиколози и други, јавуваат бугарските медиуми.

Тие сметаат дека бугарската позиција значи враќање кон јазикот на националкомунизмот, што е апсолутно недозволиво.

Но, највознемирувачко е што рамковната позиција на бугарската влада го потврдува крајно необјаснивото за меѓународната заедница непочитување на политичкиот и културен идентитет на Република Македонија. Негирањето и понижувањето на создадената во текот на последните децении македонска култура може само да донесе омраза кон Бугарија, се посочува во декларацијата.