дома Социјални Мрежи ПРОФЕСОРОТ ДАШТЕВСКИ: Цел државен врв на чело со Зоран Заев треба да...

ПРОФЕСОРОТ ДАШТЕВСКИ: Цел државен врв на чело со Зоран Заев треба да му се извинии на Митовски

После ова најмалку што треба да направат е да му се извинат на новинарот Александар Митов и тоа сите кои му се закануваа на чело со Зоран Заев. Се случија многу несериозни извинувања, а ова е навистина сериозно, ако не го сторат тоа тогаш тој има право да ги заштити своите права. Ова што го прави е од јавен интерес за сите граѓани и мора да се почитува. Вилма, која исто така му се заканува, сама рече дека според добрите практики на Венецијанската комисија Јавниот интерес секогаш има предност пред другите докази. А ако ги снимале, тогаш се знае, следуваат нови постапки, против тие што направиле противзаконски дејствија, ако има кој да ги води, бидејки премногу е евидентно и за тие што ги немаат снимките и разговорите, дека не само настаните туку и луѓето се премногу поврзани, па се поставува прашањето за објективност, односно субјективност, која води до местење и монтирање на постапките, пишува професорот Александар Даштевски.