дома Економија „Макпетрол“ предупредува: Лажна фејсбук страна шири лажна наградна игра

„Макпетрол“ предупредува: Лажна фејсбук страна шири лажна наградна игра

Макпетрол АД ја информира јавноста дека фејсбук страната со име „Макпетрол Ултра“ не е официјална фејсбук страна на нашата компанија и нејзиниот креатор го злоупотребил името и логото на нашата компанија и бренд.

Дополнително, ја информираме јавноста дека наградната игра објавена на оваа фејсбук страна не е во организација на Макпетрол АД и претставува ширење на лажни информации, односно доведување на потрошувачите во заблуда.

Фејсбук страната со име „Макпетрол Ултра“ не треба да ја прифатите како релевантен извор на информации поврзани со Макпетрол АД.