дома Балкан Состојбата на Дарко стабилизирана, но се уште тешка!

Состојбата на Дарко стабилизирана, но се уште тешка!

Српскиот пејач Дарко Лазиќ кој вчера беше тешко повреден во сообраќајна несреќа и натаму е во тешка состојба.

Како што јавуваат српските медиуми, докторите вчера попладне успеале да ги стабилизираат неговите витални функции и да ја санираат повредата на бутната коска.

Сепак, докторите не се впуштаат во никакви прогнози поради повредите кои Лазиќ ги има на белите дробови.

Дел од медиумите, пренесоа дека на Лазиќ претходно му е одземена возачката дозвола поради прекршок, а пејачот вчера го управувал својот автомобил без возачка дозвола.