дома Сцена МАЈКЛ ДАГЛАС ДОБИ СВОЈА ЅВЕЗДА НА БУЛЕВАРОТ НА СЛАВНИТЕ: Американскиот актер Мајкл...

МАЈКЛ ДАГЛАС ДОБИ СВОЈА ЅВЕЗДА НА БУЛЕВАРОТ НА СЛАВНИТЕ: Американскиот актер Мајкл Даглас доби своја ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд

Американскиот актер Мајкл Даглас за своите 50 години на холивудската сцена, доби своја ѕвезда на Патеката на славните, и тоа до онаа на неговиот легендарен татко Кирк.

Даглас (74) е најпознат по улогата во филмот „Волстрит“ (1987), за која доби и „Оскар“, а играше и во околу 60 други филмови. На свеченоста тој  се појави во придружба на неговиот 101-годишен татко, сопругата Кетрин Зета Џонес и колешката од „Кинески синдром“, Џејн Фонда.

– Имав среќа да бидам дел и од класичниот и од современиот Холивуд, изјави Мајкл на настанот.

Тој е и продуцент-оскаровец, а статуетката ја доби за филмот „Лет над кукавичјото гнездо“ во 1975 година.