дома Свет ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ГРЧКИОТ ДЕЛ ОД КИПАР СЕ ЗАЛАГА ЗА СОЈУЗНА ВЛАДА: Никос...

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ГРЧКИОТ ДЕЛ ОД КИПАР СЕ ЗАЛАГА ЗА СОЈУЗНА ВЛАДА: Никос Анастасијадес се залага за децентрализирана сојузна влада на Кипар

Претседателот на Кипар Никос Анастасијадес го повтори неговиот предлог за воведување децентрализирана сојузна влада, доколку се постигне договор за повторно обединување на етнички поделената држава.

Тој во телевизиско обраќање рече дека давање поголеми овластувања во зоните на грчкиот и турскиот дел на Кипар би го намалило „ќорсокакот“ при донесување одлуки на сојузно ниво и би го направило договорот многу поуспешен.

Анастасијадес не прецизираше кои одговорности би се префрлиле на зоните, но истакна дека ниту една децентрализација не би го загрозила територијалниот интегритет, суверенитет, безбедноста или економијата на Кипар.

МИА