дома Uncategorized Мерцедес во бандера и полицијата во нив – бркотници низ Радишани

Мерцедес во бандера и полицијата во нив – бркотници низ Радишани

Синоќа после полноќ во Радишани, при вршење на рутинска контрола од страна на полициските службеници, на даден знак да запре, автомобил од марката „мерцедес” почнал да бега.

При обидот за бегство, „мерцедесот“ се забил во бандера, а во него се удрило и полициското возило во близина на полициската станица Чаир.

Повредени се неколку лица и истите се пренесени со возило на Брзата помош.

За денеска се најавени повеќе детали од настанот.