дома Хроника Полицијата вчера упаднала на приватна забава во Скопје и уапсила 29 лица

Полицијата вчера упаднала на приватна забава во Скопје и уапсила 29 лица

Полицијата вчера упаднала на приватна забава во Скопје и уапсила 29 лица, информира МВР.

„Во 23:20 часот во викендица во село Волково,скопско, по претходно добиени оперативни сознанија дека се одржува приватна забава со повеќе лица, а по наредба од јавен обвинител, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода 24-годишниот Б.К. сопственик на викендицата и уште 28 лица, меѓу кои и 35-годишниот ди џеј од Скопје, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија„ казниво по чл.206 од Кривичниот законик. При претрес кај ди џејот била пронајдена и прашкаста материја.

По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, соопшти полицијата.