дома Македонија МИЛОШОСКИ: Стево Пендаровски лажел дека бил следен од странски служби

МИЛОШОСКИ: Стево Пендаровски лажел дека бил следен од странски служби

По излагањето на министерот Спасовски за две пријави од страна на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски за незаконско следење, со реплика се јави повторно пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

„Денеска тука во Собранието расчистивме една работа. А тоа е дека Стево Пендаровски не е следен од странски служби. Дека тоа е претставено како лага за да се направи нешто големо. Значи Стево Пендаровски лажел дека бил следен од странски служби, и со тоа ја манипулира јавноста“, рече Милошоски.