дома Локално (Фото)ВИСТИНСКОТО ЛИЦЕ ЗА ОХРИД МОЖЕ ДА СЕ ВИДИ ПОЗАДИ ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА: Георгиески...

(Фото)ВИСТИНСКОТО ЛИЦЕ ЗА ОХРИД МОЖЕ ДА СЕ ВИДИ ПОЗАДИ ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА: Георгиески и Грданоски работат ли нешто?

Контејнерите позади општинската зграда преполни со ѓубре, кое, од што веќе не го собира внатре, расфрлано е и на тротоарот и улицата, а в. д. градоначалникот Константин Георгиески и директорот на ЈП „Охридски комуналец“ Љупчо Грданоски „мува“ не ги лази, ама затоа можеме да ги забележиме во локалните кафеани и кафичи како уживаат со партиските членови на СДСМ или како скијаат на македонските планини, пишува порталот „Охрид 24“.

Иако градоначалничката канцеларија на Георгиески е на неколку чекори од местото каде што се наоѓаат контејнерите, а воедно со службеното возило поминува оттука, тој ништо не превзема околу решавањето на овој проблем. Па оттука се поставува прашањето дали в.д. градоначалникот Георгиески воопшто оди на работа.