дома Македонија МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА КАКО ШЕРИФ НИЗ ГРАДОТ: Кога ќе биде казнет?

МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА КАКО ШЕРИФ НИЗ ГРАДОТ: Кога ќе биде казнет?

Не помина долго време откако граѓаните бараа министерот за правда Билен Саљији да не се паркира пред министерството и да го узурпира тротоарот, сега повторно е поставен на ѕидот на сообраќајниот срам.

Наместо да помине на пешачки премин каде му се наоѓа службеното возило, истото прави прекршок на сред центар за да може Саљији да влезе во возилото од страна на министерството.

Полицијата секако нема да го казни министерот за прекршокот. За тоа постојат обичните граѓани кои ги лови секојдневно по скопските улици.