дома Актуелно Митовски: Му честитам на Пендаровски, се одважи прв да иckритикува

Митовски: Му честитам на Пендаровски, се одважи прв да иckритикува

Александар Митовски, уредникот на Инфомакс во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа ја коментираше драмата која настана помеѓу претседателот Стево Пендаровски и министерот за здравство Венко Филипче кои вчера си префрлаа за „одговорноста“ и „заслугите“ за состобата со вакцините во земјата. Претседателот Педаровски за илјадниците граѓани кои отидоа да се вакцинираат во Србија изјави дека е срам за земјата, додека Филипче го прекори изјавувајќи дека е разочаран од ваквкиот став на претседателот и дека не се работи за срам, туку се работи за хуманост и солидарност. Митовски му честиташе на обје

„Но како и да е, мораме да му честитаме на објективноста на Пендаровски. Тој, дали е дел од втора, трета, прва екипа, независно, се одважи прв меѓу највисоките функционери на СДСМ да ја искритикува власта“, искоментира Митовски.