дома Актуелно Митовски открива: Алијанса не попушта, утре почнува пописот

Митовски открива: Алијанса не попушта, утре почнува пописот

Александар Митовски, уредникот на Инфомакс во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа откри дека и покрај најавата за одложување на пописот од страна на премиерот Заев, истиот ќе започне утре, како што беше планирано.

Инфомакс го контактираше директно градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари кој истакна дека многу веројатно е дека Собранието ќе биде блокирано со амандмани бидејќи единствената опозициска албанска партија нема никаков договор со ВМРО-ДПМНЕ за одложување на пописот. Од Алијансата велат дека утре ќе биде донесен конечен став.

„Генералниот секретар на Алијансата на Албанците најавува дека ќе се блокира новиот закон за одложување на пописот којшто беше договорен во Клуб на пратеници, што значи дека утре треба да почне пописот. Од Алијанса за Албанците велат дека нема да дозволат одложување на пописот“, изјави Митовски.

Тој откри дека на ппишувачите ом се одземени лаптопитена кои требаше да попишуваат и не им се вратени назад.

-Здраво Александар, утре ќе донесеме конечен став. Но најверојатно ќе поднесеме амандмани. Ние се уште немаме договор со ВМРО-ДПМНЕ, вели Таравари.