дома Политика Мицкоски: Ако некој создава нeред тоа е Зоран Заев и нивната влада,...

Мицкоски: Ако некој создава нeред тоа е Зоран Заев и нивната влада, гледам дека нивните животи се над сите други, со месеци добивам зakани, но јас не им се плaшам

Апсолутно ако некој прави неред во овие 4 години тоа е оваа корупмирана и криминална влада на СДСМ, предводена од Зоран Заев. Ако некој создава неред, ако некој денеска практично македонизира пола балканско нарко подземје тоа е СДСМ, предводено од Зоран Заев и министерот Спасовски кој во тој момент се наоѓа таму каде што се наоѓа. Ако некој денеска е рекорден по број на инфицирани од ковид пандемијата и луѓе кои го загубиле својот живот тоа е владата на Зоран Заев и ресорниот министер за здрадство. Можам многу работи да редам, дебаклот во економијата, ако некој денеска ја уништува, девастира и враќа назад Македонија, тоа е владата предводена од СДСМ и Зоран Заев, тие се луѓето кои се најодговорни за нередот во државата, не треба да се грижат дека некој може нешто да направи кое што нив ќе им наштети, ниту пак на животите на нивните семејства. Но еве до ден денешен ниту еден од нив мене не ме исконтактирал да ме праша кој тоа мене ми се заканува, од каде доаѓаат тие закани и зошто јас сум помалку вреден и мојот живот и животот на моето семејство од нивниот живот, истакна претседателот на ВМРО-ДПМЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во дневникот на МТВ.

Мицкоски во своето гостување во врска зошто закани кој ги добива зошто не ги пријавува во МВР потенцираше дека тој неколку пати јавно тоа го кажува, а никој од надлежните немало побарано од него да ги пријави или да однесе било кавки докази.

Каде да ги пријавам, јавно петти пат ги споменува пред цела макеоднска јавност, а ниту еден од нив надлежен нема кренато телефон да побара од мене да ги пријавам или пак да однесам било каков доказ, од кој телефон како и на кој начин се закануваат и врз мојот живот и врз животот на моето семејство. Зошто нашите животи се помалку вредни од нивните, додаде Мицкоски.