дома Македонија Пендаровски: Со Вучиќ не можам да се споредувам, во сѐ е подобар...

Пендаровски: Со Вучиќ не можам да се споредувам, во сѐ е подобар од мене

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, во своето гостување во „Само интервју“ на Канал 5 истакна дека му симнува капа на српскиот претседател Александар Вучиќ бидејќи во сѐ е подобар од него.

„На секој балкански претседател му излегувам на мегдан, со Александар Вучиќ не можам. Нему му признавам. Во сѐ е подобар, од пруги, до вакцини. Со кого сакате можам да се споредувам, со Алескандар Вучиќ, капа доле. Дајте ми некој друг за споредба, со Вучиќ не можам, бидејќи тој, во таа дисциплина во која тој се натпреварува, објективно, немам што да барам“, призна Пендаровски