дома Македонија МИЦКОСКИ: Споменот за Илинденците е жив, тлее и се негува

МИЦКОСКИ: Споменот за Илинденците е жив, тлее и се негува

Споменот за Илинденците е жив, тлее и се негува. Се додека има луѓе на кои срцето им трепери за нашата земја, Македонија ќе постои. Среќен пат за коњаниците од Илинденскиот марш. Знам дека вашиот мотив за сето ова е поголем од се друго, зошто на крајот и почетокот на се е нашата Македонија!

Ова го напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук.

Инаку, дваесетина коњаници од Општина Аеродром попладнево од пред паркот „Јане Сандански“ тргнаа кон Крушево, каде ќе бидат дел од прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.

Според традицијата, на коњаниците им беше предадено општинското знаме, со што официјално стартуваше 41-от традиционален коњички марш во организација на Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“.

Коњаниците со себе ја понесоа пораката дека Илинденското востание го означува почетокот на новата фаза во развојот на македонското ослободително движење и има посебно значење во историјата на македонскиот народ.

Во рамките на манифестацијата коњаницата и играорците од КУД „Никола Јонков Вапцаров“ се упатија кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, минувајќи низ главните булевари на општината.