дома Европа Над 1,4 милијарди евра штeтa предизвика снежната буpa во Шпанија

Над 1,4 милијарди евра штeтa предизвика снежната буpa во Шпанија

Штетата што ја претрпе главниот град на Шпанија од невидено количество снег минатиот викенд е најмалку 1,4 милијарди евра, соопштија денеска градските власти на прес-конференција.

„Ова е само прелиминарна проценка. Очекуваме износот да порасне “, рече заменик-градоначалникот Брегон Виласис, во присуство на градоначалникот Хозе Луис Мартинез-Алмеиди.

Поради невремето во Филомена, Мадрид беше парализиран од снегот, а температурата падна на рекордни -36 степени, пренесува Танјуг.

Тоа беше првиот снег во Мадрид во последните 10 години и нападна околу половина метар.

Главниот град на Шпанија не забележа толку снег во последните 50 години.