дома Социјални Мрежи Николоски на средба со Дејвид Гир

Николоски на средба со Дејвид Гир

Претседател на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николоски, оствари средба со амбасадорот на Делегацијата на ЕУ, Н.Е. г. Дејвид Гир.

На средбата Николоски информираше за составот на Националниот совет за евроинтеграции и надлежностите кои Советот ги има, инклузивниот карактер на телото кое обединува политичките и општествени чинители, како и за идејата Советот да гради и одржува консензус за членство во ЕУ.

На средбата се разговараше и за периодот кој што претстои и евроинтеграциите на Македонија како и активната агенда на Националниот совет за евроинтеграции.

Николоски ја искористи средбата да го информира амбасадорот Гир и за актуелните состојби во државата и актуелната политичка ситуација.