дома Свет НАЈБРЗАТА КРАЖБА НА СВЕТОТ: За 30 секунди изнеле 47.000 долари

НАЈБРЗАТА КРАЖБА НА СВЕТОТ: За 30 секунди изнеле 47.000 долари

Четворица вооружени криминалци за половина минута ограбиле филијала на банка во аргентинскиот град Тигре, кој се наоѓа на 30 километри од Буенос Аирес.

Како што пренесоа медиумите, крадците со себе однеле 750.000 пезоси (47.000 долари).

На снимките се гледа како двајца крадци во маски излегуваат од „мерцедес“ и со чекан ја кршат стаклената врата на банката.

Другите двајца криминалци, вооружени со пушки, во тој момент се наоѓале во автомобилот. По 14 секунди крадците излегле од зградата со три касети со пари и седнале во автомобил.

Целата кражба траела 24 секунди.