дома Спорт ТУНИС ОДИГРА НЕРЕШЕНО И ГИ ЗАЦВРСТИ ПОЗИЦИИТЕ НА МАКЕДОНИЈА: Што значи нерешениот...

ТУНИС ОДИГРА НЕРЕШЕНО И ГИ ЗАЦВРСТИ ПОЗИЦИИТЕ НА МАКЕДОНИЈА: Што значи нерешениот резултат Тунис-Исланд за Македонија!

Исланд и Тунис денеска одиграа нерешено 22:22, со што ја одложија промоцијата на Македонија, која со евентуална победа на исланд ќе обезбедеше сигурен пласман во осминафиналето. Сепак, со овој нерешен резултат на Македонија и се отвара шанса за повисоко место во групата и без победа во следните три натпревари, со само нерешен резултат во последното коло со Исланд, но и можност за елиминација со евентуални три порази.

Сепак, по стартните две победи, положбата на Македонија во групата е и тоа како поволна. Нерешениот резултат меѓу Исланд и Тунис денеска, со кој двете селекции стигнаа до првиот бод, значи две работи за Македонија, едната позитивна и едната негативна.

Позитивно е тоа што во овој случај, Македонија може да се надева и при нерешен резултат со Исланд во последното коло (под претпоставка дека би претрпеле порази од Шпанија и Словенија), нашите ракометари можат да се пласираат на третото место во групата и избегнување на Франција во осминафиналетио.

Негативно е тоа што доколку Тунис ја победи Словенија и очекувано слави над Ангола, а Македонија претрпи порази во последните три меча, од Словенија, Шпанија и Исланд, а Исланд притоа ја победи и Ангола, тогаш избраниците на Лино Червар ќе завршат петти во групата и нема да обезбедат пласман во осминафиналето. За ова нeгативно сценарио да се оствари, пред се е потребно Тунис да ја изненади и победи Словенија.