дома Македонија НЕМА НИШТО ОД НАТО ДОДЕКА НЕ СЕ ИМПЛЕМЕНТИРА ДОГОВОРОТ: Без целосна имплементација...

НЕМА НИШТО ОД НАТО ДОДЕКА НЕ СЕ ИМПЛЕМЕНТИРА ДОГОВОРОТ: Без целосна имплементација на договорот од Преспа и промена на името, нема покана во НАТО

Атински „Катимерини“ пишува дека во последната декларација на самитот на НАТО во Брисел оваа недела се очекува да се наведе дека пристапувањето на Република Македонија во Северноатлантската алијанса зависи од нејзината ратификација на договорот за името потпишан со Атина минатиот месец.

Според драфтот, во кој , наводнио „Катимерини“ илмале увид, условеноста ќе биде нотирана во  членовите 59 и 60 од декларацијата.

Владини извори во Грција соопштуваат дека Атина и нејзините партнери се на истата стран во однос на ова прашање, а прашањето било дискутирано и за време на одделни телефонски повици минатата недела од страна на американскиот потпретседател Мајк Пенс на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев.

Весникот пишува дека се очекува во следните 10 дена, Заев  да започне со процедурите за организирање на референдумот, односно дека во интервјуто од четвртокот со грчката државна радиотелевизија ЕРТ, Заев рече дека референдумот ќе се одржи во некоја недела од 23 септември до 7 октомври.