дома Хроника УШТЕ ЕДНА ТРАГЕДИЈА: На патник му се слошило на возот Скопје –...

УШТЕ ЕДНА ТРАГЕДИЈА: На патник му се слошило на возот Скопје – Велес, еден час подоцна починал во болница

Вчера околу 12.00 часот било пријавено дека во патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје – Велес, на патникот Н.С. (34) од с.Фурка – дојранско, му се слошило. Toj бил пренесен во Општата болница во Велес, но околу 13.00 часот починал.

При извршениот преглед на патната торба на Н.С. биле пронајдени две паковки со бела прашкаста материја, кои се дадени за вештачење. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот ќе биде предадено за обдукција.