дома Економија НЕ Е ПОСТАВЕН НА ТРИУМФАЛНА, НО ГО БРОИ ДОЛГОТ: Секој ден по...

НЕ Е ПОСТАВЕН НА ТРИУМФАЛНА, НО ГО БРОИ ДОЛГОТ: Секој ден по 1.3 милиони евра, или 57.000 на час, односно 16 евра секоја секунда оваа влада го задолжува народот!

Забрзано расте јавниот долг н Р.Македонија, а Владата на СДСМ го задолжува народот со неверојатни 16 евра во секунда, или што би рекло – растел 1.37 милиони евра дневно, 57 илјади евра на час!

Според интернет сајтот „Јавендолг.мк“, на кој е поставен бројач на јавниот долг, Македонија е задолжена со астрономски 5 милијарди и 300 милиони евра (5.276.990.911 евра во моментот на пишување на текстот), а тој долг се зголемува со 1.3 милиони евра дневно.

Само во првиот квартал, долгот направен од владата е речиси 500 милиони евра (500.000.000), додека каматата на овој долг од половина милијарда евра изнесува фантастични 150 милиони евра. Секако и големината на каматата еднакво расте во секоја секунда.

Во проценти, јавниот долг изнесува речиси половина од целокупната Македонска економија, односно 49% од БДП. Ова, е долг од 2.609 евра по глава на жител, долг кој граѓаните ќе треба да го вратат, а кој постојано расте.

„Животот“ кој го ветуваше Заев, очигледно доаѓа, но со висока камата која се заканува да ја банкротира државата согласно Грчкото сценарио.