дома Социјални Мрежи ОПА! СЕГА СМЕ И „СТРУКТУРИ“: Професорката Ванковска со реакција, откако Шеќеринска ги...

ОПА! СЕГА СМЕ И „СТРУКТУРИ“: Професорката Ванковска со реакција, откако Шеќеринска ги нарече новинарите и граѓаните со различно мислење „структури“

И професорката Ванковска реагираше на срамната изјава на Шеќеринска, дека оние кои не се согласуваат со нејзините ставови и размислувања се некакви „структури“ и анти-државни елементи кои работат на уништување на некаква „иднина“ за Македонија

 

Откако на обично прашање, Шеќеринска влезе во расправија со уредникот на „Инфомакс“, нарекувајќи ги новинарите, медиумите и граѓаните кои имаат различни мислења од нејзиното за „структури“ кои работат против државата, реагираше и професорката Ванковска на нејзиниот ФБ профил.

 

Опа! Сега сме “структури” 😂 Што сака да каже министерката? Дека негативното гласање или бојкотот на референдумот ги прави тие граѓани “структури”?!
Можеби во Криволак нема Америте да користат осиромашен ураниум, но мене лично ми е ГОЛЕМ проблем тоа што ВООПШТОсе користи такво оружје, кое остава страшни последици за населението со генерации. Голем проблем ми е што Македонија поддржува такви операции.
НЕ за НАТО дури и со уставно име!