дома Хроника Не ce пpидpжyвaл дo мepкитe: Зaтвopeн yгocтитeлcки oбjeкт вo Тетово, coпcтвeникoт пpивeдeн

Не ce пpидpжyвaл дo мepкитe: Зaтвopeн yгocтитeлcки oбjeкт вo Тетово, coпcтвeникoт пpивeдeн

Сопственик на угостителски објект во Тетово синоќа бил приведен бидејќи неговиот локал работел по дозволеното работно време.

„ Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Д.П(28) од Тетово, чиј угостителски објект во Тетово работел по дозволеното време и во објектот престојувале гости.

Д.П. бил задржан во Полициската станица Тетово, објектот е времено затворен, а по расчистување и документирање на случајот, против истиот ќе биде изготвен поднесок по член 206 од Кривичниот законик, поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.