дома Политика СДСМ caмo ja мeнyвaaт бpojкaтa пpeд aкциcкитe плaнoви, a eфeкти нeма

СДСМ caмo ja мeнyвaaт бpojкaтa пpeд aкциcкитe плaнoви, a eфeкти нeма

Денешната прес конференција на Дарко Каевски е уште една потврда дека главен приоритет на кланот Заеви е како да станат главен европски картел Заеви.

Во ек на пандемија кога илјадници луѓе се заразени а скоро 2400 починаа од КОВИД 19 вирусот, Зоран Заев и СДСМ се окупирана како да го појачаат бизнисот со марихуана од кој ќар имаат само тие. Наместо да работат да обезбедат час поскоро вакцини за граѓаните и да спасат човечки животи, наместо да ја спасат економијата која е во слободен пад, наместо да обезбедуваат работни места за оние 50 илјади граѓани кои останаа без работа, СДСМ и власта на Заев ја замајуваат јавноста со наводни акциски планови на кои само им ги менуваат бројките, а нема никаков ефект.

Целата пропаганда им е залудна бидејќи народот виде дека се што прави оваа власт на Заев е за ќар на кланот Заеви и матните бизнис релации кои ги прават на штета на народот.