дома Актуелно Никола Мицевски: “Гоце Делчев е кopeнoт нa нaшитe пpeдци, и Гоце Делчев...

Никола Мицевски: “Гоце Делчев е кopeнoт нa нaшитe пpeдци, и Гоце Делчев e иднинaтa нa Maкeдoнcкиoт нapoд”

Никола Мицевски во однос на Собранието да усвои декларација за потврдување на македонскиот идентитет, во вечерашната емисија “24 Анализа”:

“Ние сакаме да разговараме прво на надзорна расправа пред да се преземе било кој чекор, затоа што таинственоста и нетранспарентноста во овие преговори, и оставајќи ја целата работа на Комисијата за историски факти, остава простор на сомнеж дека повторно некој ќе тргува со македонскиот национален идентитет. После надзорната расправа која што ќе бараме да се одржи ден поскоро, на која што ќе бидат повикани историчари, експерти, македонисти, филолози, луѓе кои што ја знаат проблематиката и коренот на целата работа и проблемот, ќе пробаме целото тоа да стане јавно и свесно за македонскиот народ, па потоа да седнеме заеднички да направиме една декларација од која што македонската страна, без разлика дали е власт или опозиција, ќе ги стави црвените линии.
ВМРО-ДПМНЕ не се согласува и осудува секаква негаторска политика кон државата и македонскиот народ. Гоце Делчев е апостол и идеолог на современата македонска држава. Гоце Делчев е коренот на нашите предци, и Гоце Делчев e иднината на македонскиот народ, од која што се надевам ќе се освести власта и нема да има отстапки од одредени работи кои што задираат во идентитетот, националното чувство и достоинството на Македонецот.” – Изјави Никола Мицевски.