дома Актуелно Никола Мицевски: “Зоран Заев го пoтпишa дoгoвopoт нeмиcлejќи на пocлeдицитe кoи штo...

Никола Мицевски: “Зоран Заев го пoтпишa дoгoвopoт нeмиcлejќи на пocлeдицитe кoи штo ќe дojдaт”

На вечерашната емисија “24 Анализа”, координаторот на пратеничката група и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, во однос на меморандумот на Бугарија, изјави дека:

“Зоран Заев го потпиша договорот немислејќи на последиците кои што ќе дојдат. Година-две слушаме дека договорот го бетонирал Mакедонскиот јазик, договорот го бетонирал идентитетот на Mакедонецот, меѓутоа сведоци сме на последниот меморандум коj што е испратен сега од страна на Бугарија, додека во Европската Унија траат дискусиите за преговарачката рамка, за која што мора сите членки да постигнат договор, и тоа не е спорно. И тоа е очекувано од страна на Бугарија. Кои и зошто беше мотивот да ваков договор се потпише набрзина без притоа да се земат сите ризици во него, пред да се размисли дека за Бугарија, Mакедонскиот јазик е една регионална норма на бугарскиот јазик, а бевме убедувани дека Mакедонскиот јазик е бетониран. Бевме убедувани дека нема да има проблеми. Бевме убедувани дека се ќе тече глатко и од македонска и од бугарска страна. Еве гледаме дека на првата препрека, удираме во еден “Кинески Ѕид” кои што мислам дека во моментов доколку не се размисли рационално, доколку не се седне да се разговара за црвените линии на Македонска страна ќе имаме голем проблем”. – Тврди Никола Мицевски.