дома Македонија Опозициjaтa ce окpyпнyвa: Мицкocки ce cpeтна co Вaнгел Бoжинoвcки и пpeтcтaвниците нa...

Опозициjaтa ce окpyпнyвa: Мицкocки ce cpeтна co Вaнгел Бoжинoвcки и пpeтcтaвниците нa инициjaтивaтa „He отвopaм вpaта“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со претставници од иницијативата „Не отворам врата“. На средбата било разговарано за актуелната политичка состојба во државата, но и за деталите од постигнатиот договор за одложување на пописот.

Заеднички се согласивме дека е добро што е одложен пописот поради лошата епидемиолошка слика и разгорената ковид пандемија која секој ден одзема по триесетина животи и заразува по 1.300 наши сограѓани, пишува Мицкоски во соопштение до јавноста.

Мицкоски, како што соопшти самиот преку Фејсбук статус, ги запознал претставниците од иницијативата за заложбата за доследна примена на практиките и методите на Евростат при одржувањето на пописот, како и фактот дека нема да се поддржат резултати од попис кој нема да биде спроведен по методологијата и стандардите на Евростат и европските практики.