дома Македонија (Фото) Hoв вaндaлckи чин: Бpyтaлнa ceчa нa дpвja вo oпштинa Штип

(Фото) Hoв вaндaлckи чин: Бpyтaлнa ceчa нa дpвja вo oпштинa Штип

Нов вандалски чин во Штип. Непознати сторители извршиле брутална сеча на дрвја, во населбата Дуизлак во близина на црквата “Св. недела”. За кратко време, ова е втор инцидент.

Првиот беше со кршењето на канделабрите, сега со несовесната сеча.

-Заштитата на животната средина е меѓу приоритетите на нашата општина. На терен од завчера е излезена екипа, која врши увид. Инспектори, радари, шумска полиција, веќе подготвуваат извештај за овој вандалски чин. Ќе поднесеме соодветна пријава против непознат сторител, а случајот веќе е пријавен во полиција, порачуваат од општината.

Општина Штип апелира до сите граѓани, доколку некој забележал или ги видел луѓето кои се дрзнале на ваков чин да ги пријават.

-Вакво вандалски однесување е за секаква осуда и за сторителите нема да има милост, порачуваат од општина Штип.